Еден од најубавите турски парови Бурак Озџивит и неговата сопруга Фахрије Евџaн добија втор син. Тие на почетокот на јули 2022 година објавија дека нивниот двегодишен син Каран наскоро ќе стане постар брат.
Популарниот Бали-бег и неговата сопруга одлучиле на бебето да му го дадат името Керем, а како што пренесуваат медиумите во Турција, Фахрије се породила на 18 јануари.
Медиумите ги пречекаа како излегуваат од болница со новороденчето.
Бурак и Фахрије се во брак пет години, а често ги следеле приказни за несогласувања и проблеми, а се споменувало и неверство.