петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Викторија Бекам јаде иста храна цели 25 години: Ова е тајната за нејзината витка линија, ја откри славниот сопруг!

Викторија Бекам јаде иста храна цели 25 години: Ова е тајната за нејзината витка линија, ја откри славниот сопруг!

Која е тајната на витката линија на 49-годишната пејачка и модна дизајнерка Викторија Бекам?

Тоа е прашање кое заинтересирало многу жени, а нејзиниот сопруг Дејвид зборувал за тоа како таа всушност јаде.

-Поранешниот фудбалер тврди дека сака да експериментира во кујната, а неговата сопруга ретко отстапува од своето мени, пишува Hello Magazine.

“Кога станува збор за храната, ќе звучам прилично досадно. Што сакам? Па, сакам тост од житарки со сол”, одговорила Викторија на прашањето што најмногу сака да јаде. Додала и дека е ноќна мора за секој ресторан бидејќи е многу пребирлива, а списокот со намирници и е прилично скромен.

Од детството не јаде црвено месо и млечни производи, а на нејзиното мени секојдневно има зеленчук на пареа зачинет само со оцет. Рекла дека е многу внимателна што јаде уште од времето кога настапувала со Spice Girls.

Тогаш на турнеите низ светот посетуваа бројни врвни ресторани, а Викторија се воздржуваше од јаглехидрати и калорични јадења, а на тоа е верна и денес.

„Станав многу емотивен за храната и виното. За жал, во брак сум со некој кој јаде иста храна веќе 25 години. Откако ја запознав, јаде само риба на скара и варен зеленчук, ретко прави исклучок. Само кога сакаше да јаде нешто од мојата чинија беше кога ја носеше нашата ќерка Харпер и беше неверојатно. Тоа беше еден од моите омилени моменти. Не се сеќавам каква храна беше, но знам дека не јадела оттогаш“, рече Дејвид.

Најнови вести