Модната дизајнерка и некогашна пејачка, Викторија Бекам, ќе ја дизајнира венчаницата на нејзината идна снаа Никола Пелц, пишуваат британските медиуми. Таа претходно го дизајнираше жолтиот вереничкиот фустан на манекенката.
Според „Дејли меил“, Никола самата ја замолила Викторија да ѝ го дизајнира свадбениот фустан, а некогашната спајс девојка прифатила со воодушевување.
Никола пред неполни два месеца се вери со Бруклин Бекам, најстариот син на Бекамови. Тие најавија дека сакаат да се венчаат што побрзо, а Бруклин веќе ја нарекува Никола „сопруга“ на објавите на социјалните мрежи.