Викторија Бекам (43) е позната по својот екстравагантен стил и трошењето огромни суми пари кога станува збор за облекување.
Таа неодамна беше на патување во Кенија, а причината за нејзиното заминување е мисија со хуманитарен карактер.
Сепак, за оваа пригода креаторката носеше бела памучна блуза која чини 100 евра и чизми од позната модна куќа кои чинат 1.200 евра, што ги вознемирири нејзините фанови.
Социјалните мрежи експлодираа. Фановите веруваат дека хуманитарната мисија не е модна писта и дека можела да биде малку поскромна со облеката. Други сметаат дека нејзиното заминување е чист маркетинг трик.