петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Викторија Бекам сподели видео од семејниот одмор на Јадранот: Хрватите бесни поради еден детаљ

Викторија Бекам сподели видео од семејниот одмор на Јадранот: Хрватите бесни поради еден детаљ

Во саботата, Викторија Бекам на Инстаграм сподели моменти од семејниот одмор во Хрватска, па заработи критики за ежовите кои ги извадиле од морето.

Модната креаторка сподели неколку фотографии и видеа кои бележат како изгледал нивниот одмор во Хрватска.

Една од симпатичните снимки ја покажува нејзината 11-годишна ќерка Харпер Севен како се гушка со Дејвид на сонце.

„Среќен викенд! Бакнежи од Хрватска“, напиша Викторија во описот на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Пред Харпер и Дејвид има неколку морски ежови исечени и подготвени за јадење, па токму поради тоа многумина ја критикуваат славната двојка.

„Ова ќе живееше 100 години на Јадранот, а потоа дојдоа Бекамови“, гласи еден од коментарите во кој се смета дека вадењето ежови е непотребно.

Семејството Бекам веќе неколку дена е во Хрватска, а летуваат на островот Лопуд кој се наоѓа во близина на Дубровник.

Најнови вести