петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Вил Смит заробен во калифорнискиот пекол: „Ова е страшно, бегајте веднаш“ (ВИДЕО)

Вил Смит заробен во калифорнискиот пекол: „Ова е страшно, бегајте веднаш“ (ВИДЕО)

Огнената стихија во Калифорнија не се смирува. Цел град Парадајс каде живееја 27 илјади жители е целосно уништен, а бројот на мртви постојано расте. Десетина илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, а меѓу нив се наоѓаат и познати личности.

Ким Кардашијан, Кејтлин Џенер, Џерард Батлер, Вил Смит и Алиса Милано, се само некои, а на социјалните мрежи кружат страшни фотографии. Батлер сподели фотографија на која се гледаат остатоците од неговата вила.

Се вратив во мојот дом на Малибу по евакуацијата. Срцепарателни моменти во Калифорнија. Благодарен сум на пожарникарите. Благодарам на храброста и позитивниот дух, напиша актерот.

-Ќерка ми е нервозна, па ме натера да излезам надвор. Ова е страшно. Ние сме подготвени за евакуација, чекаме наредба. Ако сте во зоната на евакуација, бегајте веднаш, порача Вил Смит.

Вистина.мк

Најнови вести