недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Внукот на Рики Мартин се откажа од тужбата за инцест

Внукот на Рики Мартин се откажа од тужбата за инцест

Внукот на пејачот Рики Мартин, Денис Жадел Санчез се откажа од обвинувањата за инцест, а судијата ја укина привремената забрана за доближување.

„Како што очекувавме, Судот не ја продолжи наредбата за привремена заштита. Тужителот му потврди на Судот дека неговата одлука за поништување на случајот е само негова, без никакво надворешно влијание или притисок. Ова никогаш не било ништо повеќе од случај со проблематична личност која дава лажни тврдења и наводи без апсолутни докази во нивна поткрепа. Драго ни е што нашиот клиент виде дека правдата е задоволена и сега може да продолжи понатаму“, се вели во соопштението на адвокатскиот тим на Рики Мартин.

Претходно, внукот тврдеше дека тој и Рики имале седуммесечна сексуална врска, а откако таа завршила, Рики, според зборовите на внукот, почнал да го демне и тормози.

Најнови вести