среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Актерка откри дека била жртва на инцест во детството: „Ти го правеше тоа 4 години, никој не забележа“

Актерка откри дека била жртва на инцест во детството: „Ти го правеше тоа 4 години, никој не забележа“

Ѕвездата на филмот „Невозможна мисија“, француската актерка Емануеле Барт, реши да ја сподели со јавноста својата шокантна приказна за тоа дека како девојче била жртва на инцест.

60-годишната актерка изнесе шокантни тврдења во новиот документарен филм „Un silence si bruyant“, кој премиерно ќе биде прикажан во Франција на 24 септември, на каналот М6.

Нејзината помошничка режисерка Анастасија Микова за медиумите изјави дека напаѓачот не е нејзиниот татко, пејачот Ги Бер, но дека идентитетот на лицето нема да и биде откриен на јавноста. Во моментов е познато дека злоставувањето започнало кога актерката имала 10 години и продолжило до нејзината 14.

Актерката изјавила дека на почетокот не сакала да зборува за себе, туку за другите жртви на инцест.

-Но, нивната искреност и храброст ме натераа да проговорам, рече таа.

Во еден дел од документарецот се слуша нејзиниот глас упатен до нејзиниот насилник.

„Бидејќи татко ми, мајка ми и моите пријатели не забележаа ништо, можеше да го повториш ова, и го правеше, четири години“.

Ја спасила нејзината баба, открила актерката.

Барт, која се занимава со глума од 1972 година, зад себе има повеќе од 60 филмски и телевизиски улоги и е добитничка на бројни награди. Во првиот филм од франшизата „Невозможна мисија“ од 1996 година, во режија на Брајан Де Палма, таа ја играше улогата на агентката Клер Фелпс.

Најнови вести