недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред Пит ја оствари во црногорскиот филм „Темната страна на сонцето”, во кој глумеше заедно со Милена Дравиќ.

Српската глумица почина викендов на 79-годишна возраст и зад неа остави богат театарски и филмски ремек-дела, за кои беше и повеќекратно наградувана. Меѓутоа, малкумина знаат дека во „Темната страна на сонцето”, каде што таа ја имаше и една од главните улоги, Бред Пит го имаше својот прв пробив.

Филмот е снимен на Јадранот во 1988 година, на англиски јазик, а во САД премиерно е прикажан дури во 1999. Бред го глуми синот на Дравиќ, кој се бори со тешко кожно заболување.

Денес, Бред Пит е холивудска икона, а српската глумица честопати знаела шеговито да рече дека и е мило за големиот успех на нејзиниот „филмски син”.

Најнови вести