Македонската фолк-пејачка Сузана Гавазова е една од најзгодните жени воопшто на македонската сцена. Нејзината кариера е на пауза поради пандемијата и забараната за одржување на било какви прослави.
Таа ги почитува сите мерки, но не ја губи позитивната енергија и желбата за забава.
На својот Инстаграм профил сподели видео, на кое покажа како си прави забава во домашни услови само за себе.
Во кратко фустанче и високи потпетици, пушти музика и замеша со колковите.
„Од синоќешната корона забава“, напиша таа во опис на видеото.