Откако Македонија не успеа да се пласира во финалето на Евровизија, очекувано како лавина следеа коментарите на домашно ниво од типот на тоа дали била добра песната, претставниците, како се покажал домашниот организатор и сл.
Покрај повеќето негативни критики од македонската јавност, се појави и една впечатлива објава во поглед на изгледот на нашата вокална претставничка од „Ај Кју“, Марија Ивановска.
Имено, на социјалната мрежа Твитер осамна коментар од „Би-Би-Си“, кои се помајтапија со костимот, а коментарот во превод гласеше вака:
-Не е наопаку облечено мамо, тоа е модата која ти не ја разбираш, гласи објавата.
“It’s not BACKWARDS mum it’s the fashion you don’t even get it.” #Eurovision. pic.twitter.com/cPk0RyDchi
— BBC Eurovision?? (@bbceurovision) May 8, 2018
Инаку, креацијата која ја носеше нашата претставничка е изработена од креаторот Александар Бимбилоски од Охрид, попознат под името на модниот бренд „Румор“.
Александар објавата ја заврши со зборовите дека таквите критики не се вредни за неговото време и дека негативноста убива.