Пејачката Дара Бубамара е фанатик по лудото и брзо возење, како и да е сопственик на скапи автомобили.
Таа често на својот Инстаграм профил споделува фотографии и видеа како „лудо“ вози, а овој пат уште еднаш се пофали како го крши законот.
Имено таа се снимаше како додава гас, а нејзиниот автомобил од марката „Мерцедес“ достигнува брзина од 200 километри на час на автопат каде максималната дозволена брзина е 130км/час.
Сепак, таа тука не се откажа и на нејзината дигитална табла достигна максимална брзина од 206 километри на час.
Пејачката не ја наведе локацијата каде го прекршува законот, а во минатото кога исто вака се снимаше, тврдеше дека тоа било надвор од Србија, далеку на Запад.