вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Времето ги лекува сите рани: Бритни Спирс по цели 14 години се зближи со својата мајка – пејачката откри детали за средбата

Времето ги лекува сите рани: Бритни Спирс по цели 14 години се зближи со својата мајка – пејачката откри детали за средбата

Бритни Спирс со години е во лоши односи со нејзините родители, а иако нема знаци дека ќе се смири со нејзиниот татко, кој со години беше законски старател, се чини дека односите со нејзината мајка добија пресврт кон подобро.

Поп принцезата Бритни Спирс сега се огласи на Инстаграм за тоа како се чувствува откако ја посетила нејзината мајка Лин Спирс.

-Мојата мила мајка ми се појави вчера на врата после три години, помина толку време. Со семејството секогаш има работи што треба да се разработат, но времето ги лекува сите рани. Среќна сум што можам да го соопштам она што го држев екстремно долго време, се чувствувам толку благословена што можевме да се обидеме да ги исправиме работите. Те сакам многу. Толку сум благословена што можеме да пиеме кафе заедно по 14 години, напишала покрај фотографијата од себе кога била мала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by River Red (@britneyspears)

Таткото на Бритни, Џејми, бил нејзин старател цели 13 години и го контролирал и нејзиниот приватен живот и нејзините финансии. Старателството заврши во ноември 2021 година.

Најнови вести