четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

За нејзиниот изглед добива пофалби, за мајчинството остри критики: Синовите на Меган носат фустани и имаат фарбани коси (ФОТО)

За нејзиниот изглед добива пофалби, за мајчинството остри критики: Синовите на Меган носат фустани и имаат фарбани коси (ФОТО)

Актерката Меган Фокс е на мета на критики поради своите синови.

Таа и нејзиниот сопруг Брајан Остин Грин имаат три синови, а и двајцата се многу таинствени за нивниот семеен живот и нема многу фотографии на кои можеме да ги видиме нивните деца.

Меган беше уловена во прошетка со своите 2 деца, Ноа и Боди во Лос Анџелес, а многумина веднаш ги забележале долгите коси на синовите. Постариот син Ноа дури има и исфарбана коса во розова боја.

Ова не е првпат Меган да биде критикувана поради децата. Остро е напаѓана поради тоа што на децата им дозволува да носат здолништа.

“Им дозволувам на децата да носат што сакаат. Тие ќе ми кажат што се. Тоа не е моја работа. Навистина мислев дека не е легално да критикувате дете или мајка поради тоа што го носи детето”, рекла таа.

Најнови вести