Мускулестиот глумец Двејн „The Rock” Џонсон всушност е многу нежен маж, а тоа го докажал многу пати. Она во што посебно ужива се прегратките со ќерките Јасмине (3) и Тиана, осум месеци.
Свесен е дека ваквите посебни моменти нема да траат вечно па одлучил да ги користи додека може.
„Рамениците на тато. Нема засекогаш да можат да ги држат“, напишал покрај фотката на која позира со двете ќерки пред божиќната елка.
„Знам дека ќе дојде ден кога мојата прегратка ќе биде последното место на кое ќе сакаат да бидат“, додал Двејн Џонсон.
„Бебето Тиана Гиа веќе го има ’помогнете ми’ изразот на лице“, се пошегувал 46. годишниот глумец и својата емотивна објава ја завршил со зборовите:
„Не можам да гарантирам дека ќе ги сакам и штитам во текот на целиот нивен живот, но сигурно до крајот на мојот живот“.
The Rock ја има и 17. годишна ќерка Симоне, а не му е туѓо да сподели емотивни фотографии и зборови со своите следбеници на Инстаграм.