петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Зарем јас, најдобрата од сите, да крадам песни“? – продолжение на скандалот за „Проверено“ меѓу Ана и Милица

„Зарем јас, најдобрата од сите, да крадам песни“? – продолжение на скандалот за „Проверено“ меѓу Ана и Милица

Не се смирува ситуацијата меѓу Ана Николиќ и Милица Павловиќ околу песната „Проверено“.

Така во последно време на социјалните мрежи се почесто се појавуваат снимки од настапите на овие две пејачки и реакцијата на публиката на нивните верзии на песната која за кратко време стана голем хит.

Откако на социјалната мрежа ТикТок се појави видео во кое Милица ја провоцира Ана за време на изведбата на споменатата песна велејќи: „Еве ја Ана Николиќ лево“, сега се појави и видео од настапот на Ана во Нови Сад.

Имено, Ана реши да ја спушти топката, па на изненадување на обожавателите, за време на настапот ја отпеа верзијата на песната „Проверено“ на Милица, но не го знаеше текстот, па импровизираше.

-Зарем јас, која сум најдобра од сите да украдам песна?! Не знам зошто луѓето го пишуваат тоа? Но, добро ја играм таа улога… уште сум слаба на коњак… И вотка, се обрати Ана на публиката по изведување песната.

-Јас навистина не сакам да учествувам во нешто што има 1% поврзаност со мене, всушност јас имам 0% поврзаност со ова. За расплетот на приказната јавете се на Достоевски. Кога излегоа демо песни три дена пред официјалното објавување на мојот албум, никој не се занимаваше толку со тоа. Како снимките излегуваат од студиото, треба да го прашате музичкиот продуцент. И јас не се мешам во селски приказни, немам опрема да се валкам во таа кал. Немам ништо со тоа,  изјави Ана за Pink.rs.

Најнови вести