вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Зависноста од секс за малку ќе го уништеше, а сега е во врска со 33 години помлада девојка: Славниот актер конечно се скраси (ФОТО)

Зависноста од секс за малку ќе го уништеше, а сега е во врска со 33 години помлада девојка: Славниот актер конечно се скраси (ФОТО)

Паровите со голема разлика во годините секогаш ги имало и ќе ги има, но се чини дека во Холивуд ова лето работите поприлично ескалираа.  Поголемиот дел од актерите се забавуваат со децении помлади девојки, а сега на нивната група им се придружи и тој.

Актерот Дејвид Духовни, кој има 58 години, а е разведен татко на деца, веќе повеќе од една година ужива во љубовта со 33 години помладата поранешна фудбалерка Моник Пендлбери.

Парот беше виден на плажа во Малибу, а посебно внимание привлече бикини фигурата на младата девојка на славниот актер.

Славниот актер кого публиката го памети по култниот серијал Досие Х, кога ги достигна ѕвездените висини на популарноста, го изгуби тлото под ноезете во приватниот живот и стана голем зависник од водење љубов, што доведе до крах на неговиот брак.

-Најголем проблем беше во тоа што не можев да одбијам ниту една девојка која сакаше да ми пружи сексуални услуги, кажа актерот после првата од низата рехабилитации со кои се обидуваше да се излечи од зависноста од секс.

Дејвид наскоро ќе го прослави својот 59-ти роденден, а и понатаму се однесува како 30 годишник. Во тоа сигурно му помага и 25 годишната девојка со која прв пат е виден во јуни 2017 година, а се чини нивната љубов се уште е силна.

Најнови вести