Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ е ѕвезда на европскиот фудбал, а она што ги интересира навивачите е која убавица му го освоила срцето.
Сепак, младиот ас својот љубовен живот го држи подалеку од очите на јавноста, а со него се поврзуваа и многу дeвојки од минатото се до денес.
Тој не обрнува внимание на тие приказни и го трасира својот фудбалски пат во еден од најголемите европски клубови – Јувентус.
Сепак, листата на девојки е долга, а само една од девојките со кои бил во врска е Србинка.
View this post on Instagram
Минатата година во април беше објавено дека Влаховиќ и ќерката на Миле Китиќ се во врска.
– Елена и Душан се запознале преку заеднички пријатели кои често им велеле дека се идеален пар. Кога ќе се присетат на нивната прва средба, велат дека веднаш се почувствувала привлечноста и хемијата меѓу нив. Потоа си размениле телефонски броеви и се следеле на социјалните мрежи. Многу брзо решија да стапат во врска“, изјави тогаш неименуван извор за тамошните таблоиди.
View this post on Instagram
Сепак, ова беа само гласини. Влаховиќ ги демантираше објавувајќи фотографија со анонимна бринета, а Елена Китиќ на своите фанови на Инстаграм им порача да не веруваат во лагите.
Подоцна медиумите пишуваа дека бринетата на сликата е девојка по име Вања Богдановиќ.
На почетокот на оваа година се пишуваше дека Влаховиќ ја освоил поранешната Мис на Италија, а „Тутоспорт“ напиша дека овој пар се запознал во Фиренца.
View this post on Instagram
Сепак, Каролина Страмаре тоа го демантираше на Инстаграм.
– Се држам целосно настрана од напишаното и она што се пишува. Не знам за што зборувате и пишувате сето ова време. Ако некогаш има нешто што вреди да се каже, јас ќе бидам првата што ќе ти кажам, рече таа.
Убавата Италијанка Мариасоле Полио е актерка и инфлуенсер на ТикТок, која Влаховиќ наводно ја оставил кога се преселил во Јувентус на почетокот од оваа година.
View this post on Instagram
Сепак, ниту едена од нив не ја потврдил врската или раскинувањето на почетокот на оваа година, а гласините ги започна еден италијански магазин.