Еден од најдобрите напаѓачи во Европа и во Премиерлигата, Серхио Агуеро оваа сезона со својот клуб освои 4 трофеи на Островот, а покрај тоа успеа да и го освои и срцето на пребогатата дваесетгодишна Тејлор Вард.
Како што пренесуваат медиумите од Велика Британија, преубавата бринета е 9 години помлада од фудбалерот, а како што стојат работите од мали нозе се навикнала на изобилство и луксуз кој што реодителите и го овозможиле.
Имено, Тејлор е ќерка на телевизиската ѕвезда Даун и поранешниот професионален фудбалер Ешли Вард. Израсна во вила вредна 157 милиони евра која има 11 соби, базен, приватен биоскоп и голем двор.
Инку таа студира во Лондон, а претходно нејзиното школување чинело 40.000 евра. Исто така првиот автомобил од 28.000 евра го добила од родителите и тоа пред да положи возачки испит.
Скапите поклони, луксузот, патувањата се нејзино седојдневие, па нема да има проблем да се уклопи со богатството на нејзиниот нов избраник Серхио Агуеро кој што го заработил.