Водителката Сузана Манчиќ важеше за најатрактивна ТВ личност. И денес многу се шпекулира за нејзиниот љубовен живот, а таа еднаш ги откри сите детали кои јавноста не ги знаеше, пенесува блиц.рс.
Сузана признала дека е „виновна“ затоа што мажот чие име не сакала да го открие во јавноста, ја оставил сопругата заради неа.
-Многу молчев за мојот живот, бидејќи нешто треба да остане само мое. Заборавив многу работи, а и да сакам нема да можам да кажам, рекла таа и додала:
-Животот ми нудеше разни работи, некои ги прифатив, а ми се случи се што не сакав. Така кажав дека не сакам женет, но се случи и тој оженет маж кој беше постар од мене. Знаев дека е оженет кога го запознав и му реков: „Те молам, разведи се, па контактирај ме.“ Животот ни носи разни ситуации и тој беше зафатен и ме шармираше, работеше напорно околу мене и се разведе од тој брак. Сега се каам што го направив тоа бидејќи тој ми даде многу, а јас не му дадов ништо за возврат – признала Сузана.
Лото-дамата, како што се уште ја нарекува јавноста, истакна дека во текот на животот сакала повеќе од еднаш.