вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Двејн Џонсон не се враќа во „Брзи и бесни“

Двејн Џонсон не се враќа во „Брзи и бесни“
EPA/ANTONIO LACERDA

Двејн Џонсон останува на ставот дека не се враќа во последниот филм „Брзи и бесни“, по навестувањето на Вин Дизел дека можеби повторно ќе ги здружат силите.

Инаку, тие двајцата имаат медиумски „добро документирана тензија“ што почна додека го снимаа 8. дел – „Судбината на бесните“ од 2017 година и којашто „го исфрли“ Лук Хобс (Џонсон) од главната приказна.

– Изминатиов јуни, кога јас и Вин всушност не разговаравме преку социјалните мрежи, му кажав директно, и приватно – дека нема да се вратам во серијалот. Бев јасен, но срдечен со моите зборови и реков дека секогаш ќе ѝ бидам поддршка на актерската екипа и секогаш навивам за франшизата да биде успешна, но нема шанси да се вратам, изјави Двејн.

Притоа, тој не пропушти да додаде дека најавата на Дизел е „пример за уште една негова манипулација“, изразувајќи им поддршка на другите глумци и чинители.

– Не ми се допадна тоа што (Вин Дизел, б.п.) ги донесе своите деца на снимањето, исто како и смртта на Пол Вокер. Остави ги тие работи надвор од сѐ тоа. Зборувавме пред неколку месеци за ова и дојдовме до јасно разбирање. Целта ми беше – моето неверојатно патување со оваа неверојатна франшиза „Брзи и бесни“ да го завршам благодарно и благородно!, нагласи 49-годишниот Двејн.

Засега, најавени се барем уште два филма од серијалот.

– На моите поранешни колеги и членови на екипата искрено им посакувам среќа и успех во следното поглавје, додаде тој.

Џонсон се приклучи на серијалот „Брзи и бесни“ како агентот Хобс во филмот „Брзите пет“ од 2011 година, којшто беше објавен 10 години по првиот дел.