Неофицијалниот, или како што велат некои, лажниот трејлер за филмот „Пријатели”, направил вистински хаос на интернет.
Во снимката од 3 минути, кој ја ја објавил “Smasher”, можеме да ги видиме ѕвездите од оваа хит серија повторно заедно. Во овој трејлер дознаваме дека Моника и Чендлер се пред развод, дека Џои е успешен актер.
Исто така, Рејчел и Рос се наоѓаат во проблеми и со години не се заедно. Фиби и Мајк мака мачат со својот брак и не им оди добро. Децата на Рос, Ема и Бен, се веќе големи и одат во училиште.
За десет дена овој неофицијален трејлер за “Пријатели” бил прегледан повеќе од 3,7 милиони пати.
Потсетуваме, последната епизода на “Пријатели” беше емитувана во 2004. година.