На социјалните мрежи се појавија први фотографии од актерот Алек Болдвин, од местото на трагедијата.
Актерот, како што веќе е познато, при снимањето на филмот „Rust“ со сценски пиштол ги застрела директорката на фотографија Халина Хачинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48), најверојатно од невнимание.
Хачинс со хеликоптер била веднаш пренесена во болница каде лекарите можеле само да констатираат смрт. Соуза е повреден и се наоѓа на лекување на интензивна нега.
Снимањето на филмот е прекинато на неопределено време. Болдвин во филмот се јавува како актер и копродуцент.
BREAKING: A distraught Alec Baldwin, after he accidentally shot & killed the cinematographer on the set of his new movie, & wounded the writer-director. How on earth could this have happened?
Pics: Jim Weber @thenewmexican pic.twitter.com/xrvcheLaCK— Piers Morgan (@piersmorgan) October 22, 2021