Актерот Бред Пит со години наназад привлекува огромно внимание, а таблоидите не престануваат да се интересираат за неговиот приватен живот.
Иако за Бред доста се знае во јавноста, помалку е познато дека еден од најзгодните актери во Холивуд има роден брат по име Даглас кој е три години помлад од него.
Даглас, кој неодоливо потсетува на својот постар брат, тргнал по сосема различен пат од холивудската ѕвезда. По завршувањето на средното училиште во Спрингфилд и државиот универзитет во Мисури, основал компјутерска агенција која со години успешно работела.
Тој се бави со продажба за недвижности, инвестирање и хуманитарна работа. Тој е и амбасадор на УНИЦЕФ како и основач на хуманитарната организација „Care to Learn“, која им помага на децата.
За разлика од својот брат чиј живот го одбележаа турбулентни љубовни врски, Даглас веќе триесетина години е во среќен брак и има три деца.
Американските медиуми пишуваат дека е многу успешен, а неговото богатство изнесува 240 милиони долари, додека богатството на Бред изнесува 300 милиони долари.
Браќата Пит пораснале во Мисури, во гратчето Сент Луис а тие имаат и сестра која се вика Џули, која исто така се бави со хуманитарна работа.