среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Харисон Форд се враќа како Индијана Џонс

Харисон Форд се враќа како Индијана Џонс

Холивудскиот актер Харисон Форд (78) уште еднаш ќе се појави во улогата на Индијана Џонс, во петтиот и најверојатно последен дел.

Филмот ќе го режира Џејмс Мандолд, а како што пренесува Би-Би-Си, ова ќе биде последно појавување на Форд во серијалот филмови за Индијана Џонс.

Компанијата Дизни најави виртуелна презентација за инвеститорите, каде исто така се откриени планови за спиоф серијата „Војна на ѕвездите“ и серија Марвел.

Петтото продолжение за Индијана Џонс премиерно ќе биде прикажано во јули 2022 година.