среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

„O Que Arde” победи на Филмскиот фестивал во Солун

„O Que Arde” победи на Филмскиот фестивал во Солун

Филмот „O Que Arde” (Моќта на огнот) на режисерот Оливер Лаксе, снимен на галициски јазик, ја освои наградата „Златен Александар“ на 60. Меѓународен филмски фестивал во Солун.

Филмот говори за пироман пуштен од затвор и враќањето во неговото село…

Втората награда отиде за филмот „Треска” (A Febre) на бразилската режисерка Маја да-Рин, која ги истражува промените во Амазонија. Наградата за најдобра режија ја освои перуанска режисерка Мелина Леон за филм „Песна без име“ (Canción sin nombre).

На фестивалот во Солун во натпреварувачкиот дел се прикажаа 14 филмови, вон натпреварувачкиот дел беа прикажани пет филма.

Почесната награда ја доби глумецот режисер Џон Вотерс.