недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Со пола тон кокаин: Уапсено албанско семејство во Солун

Со пола тон кокаин: Уапсено албанско семејство во Солун

Oбвинителството за наркотици при Солунската дивизија и ДЕА, осомничи 50-годишен Албанец, кој заедно со сопругата и двајца внуци шверцувале дрога. Кај нив се пронајдени 580 килограми кокаин.

Партнер на семејството бил и маж од Албанија, кој поседувал грчка лична карта, а полициски извори наведуваат дека никој од уапсените претходно не бил во фокусот на органите на прогонот.

Огромното количество дрога е пронајдено во две возила и во куќа во која живееле тројца од членовите на групата.

Против нив поединечно е поднесена пријава за злосторничко организирање и за нелегална трговија со дрога, оштетување на странски имот и пружање отпор. Забележано е дека 50-годишниот Албанец е водач на групата за увозот на големи количества кокаин од земји од Латинска Америка и нивно натамошно дистрибуирање на грчка територија, но и во европските земји.

Во рамки на истрагите и по физичкиот надзор на членовите на групата, организирана е акција која вчера била спроведена од полициски службеници на Одделот за општи работи на поддирекцијата на обвинителството за наркотици во Солун, при што двајцата од сторителите биле пресретнати додека се возеле со изнајмени патнички автомобили.

Еден од нив бил запрен за проверека, додека возачот на второто возило во обид да избега, удрил во службено возило и во ограда од зграда.

При претресот во двата автомобила, но и во куќа во која живееле тројцата од уапсените, пронајдени и одземени се: 585 килограми и 208 грама кокаин, спакувани во 500 пакети, 7.440 евра од шверц на дрога, 7 телефони кои служеле за меѓусебна комуникација, детектор за метал и други предмети.

Одземен е и патнички автомобил кој бил во сопственост на водачот на организацијата.

Уапсените, со документите кои се поднесени против нив, ќе бидат спроведени пред Основниот обвинител на Солун.