Џенифер Лопез буквално заблеска на розовиот тепих на балот МЕТ, кој оваа година се одржа под темата „Camp: Notes on Fashion“.
На свеченоста, 49-годишната ѕвезда ги истакна своите препознатливи облини во атрактивна креација од Версаче.
На главата, Џеј Ло носеше необична „перика“ со кристали, а беше придружувана од вереникот Алекс Родригез.
Лопез на себе носеше милионски накит. Од блескавиот 16-каратен веренички прстен кој неодамна го доби од Алекс, до луксузно ланче од Хари Винстон со 65-каратен сафир.