четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Почина Ричард Донер, режисерот на „Супермен„ и „Смртоносно оружје“

Почина Ричард Донер, режисерот на „Супермен„ и „Смртоносно оружје“

Режисерот Ричард Донер кој е најпознат по филмовите Супермен, The Goonies и Lethal Weapon почина на 91 годишна возраст.

Неговата сопруга изјавила дека тој починал во понеделникот.

Неговото прво пробивање во светот на кинематографијата е во 1976 година кога е објавен филмот „Претскажување“. Подоцна ги продуцирал филмовите Free Willy и The Lost Boys.

Стивен Спилберг за него ќе каже дека е надарен за многу жанрови.

-Да се биде во негово друштво е слично на дружење со вашите омилени тренери, најпаметни професори, најдобри пријатели, сојузници. Беше детинест. Со сето срце, цело време. Не можам да верувам дека повеќе го нема, но неговото смеење ќе остане со мене засекогаш, изјавил Спилберг.

Донер е роден во Њујорк, а на почетокот од ’60-тите започнал со работа на телевизија. Бил ангажиран во антологиската серија The Twilight Zone и шпионскиот трилер The Man From Uncle.

Кон средината на ’70-тите оставил неизбришлива трага во Холивуд. Неговата работа на Супермен во 1978 година во кој глуми Кристофер Рив често се смета за прв модерен суперхеројски филм.