Несудениот претседател на Србија, Андреј Фајгељ, со твит за починатото синче на актерот Жика Тодоровиќ ја разбесни јавноста.
Откако актерот го снајде огромна трагедија која буквално го скрши и него и сопругата, кандидатот за претседател напиша дека тоа е казна за актерот за филмот кој го снимил.
– Еднаш на нашиот актер му умре бебето и медицината нема објаснување. Тој ист актер силуваше бебе на филмското платно, гревовите се наплаќаат, напиша тој.
Денеска на ова му врати познатиот актер Сергеј Трифуновиќ, изреволтиран од грозоморната објава:
– Мајмуне болен, да го гледаше филмот ќе знаеше дека истиот тој актер кој остана без син, згрозен замина од сцената, напиша Сергеј.
Синчето на Жика денеска беше кремирано.