понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Софија Вергара повеќе не е најплатената актерка на светот – еве кој го зазеде нејзиното место

Софија Вергара повеќе не е најплатената актерка на светот – еве кој го зазеде нејзиното место

Софија Вергара долго време го држеше првото место на листата на најплатени холивудски актерки, но од овој месец веќе не е така.

Имено, потврдено е дека благодарение на улогата во филмот „Барби“, за која добила неверојатен хонорар од 12,5 милиони долари, Маргот Роби моментално е најплатената актерка во светот. Наводно исто толку добил и нејзиниот колега Рајан Гослинг.

Ова е најплатената улога на Маргот Роби досега, а неодамна објавениот трејлер ги воодушеви обожавателите на најпознатата кукла во светот.

Маргот, која има 32 години, досега има одиграно бројни улоги во филмови кои ја воодушевија публиката и критичарите. Минатата година австралиското издание на престижното списание „Maxim“ ја прогласи Маргот за најубава жена на светот.

Инаку, 50-годишната Софија беше најплатена актерка благодарение на улогата во серијата „Modern Family“, како и учеството во шоуто „America’s Got Talent“.