Кристина Маусер е една од жртвите во хелокоптерската несреќа во која загина и легендарниот кошаркар Коби Брајант. Таа работела како кошаркарски тренер со Коби, а нејзиниот сопруг како пејач и музичар откако претходно двајцата ја напуштиле работата како наставници.
Година ипол по големата трагедија, нејзиниот сопруг Мет се појави во шоуто „Америка има талент“. Неговата приказна не ја очекуваше никој, а во салата настана молк кога се претстави. Откри дека утрото пред кобниот лет Кристина го бакнала и му кажала дека го сака. Тоа било последното нешто што го слушнал од неа.
Мет рече дека биле во брак 15 години и имаат три деца за кои тој сега сам се гржи. Токму нивниот интерес е неговиот поттик за настап во шоуто.
-Тагата нема да не дефинира како семејство, моите деца треба да видат дека потребно е да се најде среќата во животот и дека мора да се продолжи понатаму. Ако ова им помогне на моите деца да тргнат по своите соништа, прифаќам, објасни Мет зошто се пријавил да учествува на шоуто и што значи тоа за него.
Емотивниот настап кој Мет со солзи во очите не успеа да го доврши погледнете го во продолжение.