Во инцидент на снимање филм во Њу Мексико убиена е директорката на фотографија Халина Хачинс (42), а повреде е режисерот Џоел Соуза (48). Полицијата, засега никој нема приведено.
Актерот и продуцент Алек Болдвин (68) најверојатно од невнимание погодил два члена на филмската екипа откако го активирал сценскиот пиштол.
Хачинс починала на лице место, додека Соуза е пренесен во болница.
Нема информации под кои околности дошло до пукањето, но полицијата никого нема приведено истакнувајќи во соопштението дека истрагата е во тек.
Болдвин е копродуцент и главен актер во филмот „Rust“ кој се снима. Снимањето по инцидентот е прекинато.