сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

ВИДЕО: Хаос во салата, ниту еден натпреварувач не му го направил ова на Сајмон

ВИДЕО: Хаос во салата, ниту еден натпреварувач не му го направил ова на Сајмон

Разни точки може да се видат на натпреварувањата „Британија има талент“, но оваа ги надмина сите претходни.

Сајмон Кауел кој важи за најстрогиот меѓу жирито имаше непријатен момент со еден натпреварувач кој на сцената се појави маскиран како Господин Блоби.

Маскотата глумејќи магионичарско шор, го повика на сцената Сајмон каде му покажа голема кутија во која треба да влезе, а потоа со помош на магичните зборови да изчезне.

По неколку неуспешни обиди, Сајмон кој се уште седеше во големата кутија, врз главата доби голема количина на „слајм“.

Публиката и членовите на жирито беа шокирани неколку моменти, а потоа почнаа да се смеат. Сајмон не беше воодушевен и кажа на маскотата да не го допира.

Иако публиката сметаше дека тој треба да продолжи со натпреварувањето, сепак жирито го испрати дома.