Девојчето Фиа неодамна се појави на популарното натпреварување „The Voice Kids“ во Германија, каде покрај пеењето, реши да користи знаковен јазик за да може нејзината сестра да ја разбере.
Единаесетгодишната натпреварувачка ги расплака членовите на жирито „The Voice Kids“ со своето појавување, додека песната „Flashlight“ оригинално изведена од пејачката Џеси Џеј ја преведе на англиски знаковен јазик.
-Ова го правам за мојата помлада сестра Емилија, која не знае да зборува. Почнав да учам знаковен јазик за неа. Оттогаш пеам на два јазика, така да се каже, објаснилo девојчето пред жирито.
Со својот настап особено ја изненади, пејачката Лена Мајер-Ландрут, која на публиката ширум Европа и е позната како победничка на Евровизија во 2010 година.
-Не знам ни зошто не можам да престанам да плачам, но тоа навистина ме трогна. Фиа е навистина одлична личност, рекла Лена.
Наведено е дека ова е исклучително тежок настап, бидејќи девојчето морало двапати да го запамети текстот.