петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ФИА ги зголеми казните во Формула 1 до еден милион евра

ФИА ги зголеми казните во Формула 1 до еден милион евра

Водечките возачи во Формула 1 останаа шокирани од најновата одлука на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) да ја зголеми до еден милион евра евентуалната казна која можат да ја добијат во случај на кршење на правилата.

ФИА соопшти дека четирикратно ќе ја зголеми казната која стјуардите можат да им ја изречат на возачите и нивните екипи.

„Не мие јасно што заслужува казна од милион евра“, наведе во својата реакција возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Тој наведе дека станува збор за „многу пари“, додавајќи дека „некои возачи заработуваат помалку од тој износ“.

Возачот на Хас, Кевин Магнусен ја нарече одлуката на ФИА „смешна“, а Даниел Рикардо од тимот Алфа Таури рече дека одлуката на ФИА е „застрашувачка“.

Новата казна има за цел да ги одврати екипите и возачите од најневеројатни и најопасни кршења на прописите, а ФИА соопшти дека сите пари кои ќе бидат собрани од изречените казни ќе се искористат за финансирање програми за развој на мото спорот.