среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

ВИДЕО: Малиот Малакај ги освои сите со својот ангелски глас, Сајмон не ја тргна насмевката од лицето

ВИДЕО: Малиот Малакај ги освои сите со својот ангелски глас, Сајмон не ја тргна насмевката од лицето

Тринаесетгодишното момче од Лондон, Малакај со голема желба да биде пејач се пријавил во шоуто „Британија има талент“.

Сигурно без да биде свесен колкав талент и потенцијал поседува, ова момче излезе на сцената да се бори за својата позиција во натпреварување.

Но, веќе по првиот отпеан стих публиката беше воодушевена. Дел од жирито не ги задржа солзите на неговиот ангелски глас, а по настапот Сајмон Кауел му се заблагодари што се пријавил во шоуто.

За ова неверојатно момче, Сајмон имаше само еден збор.

-Златен, рече Сајмон по што го притисна златното копче со кое натпреварувачот се пласира директно на настапите во живо, без понатамошни аудиции.

Погледнете го настапот на малиот Малакај.