сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

ВИДЕО: Нејзиниот глас доби лице, излезе на сцената и откри дека всушност таа ја пее песната од филмот „The Greatest Showman“

ВИДЕО: Нејзиниот глас доби лице, излезе на сцената и откри дека всушност таа ја пее песната од филмот „The Greatest Showman“

Лорен Олред го остави светот без зборови откако јавно излезе и кажа дека всушност таа ја пее песната „Never enough“ од филмот „The Greatest showman“.

Иако веќе некое време е познато, сега Лорен се појави на сцената во шоуто „Британија има талент“ и кажа дека токму нејзиниот глас е оној кој се слуша во филмот. Актерката Ребека Фергусон која во филмската сцена ја пее песната, всушност само ја отвора устата.

Шокираниот Сајмон Кауел и рече дека ја пеела една од најголемите песни на сите времиња.

Лорен открива оти подобро и било да пее зад сцената, но сега смета дека е вистинско време песната да го добие вистинското лице. Слушнете ја неверојатната Лорен.