вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

17-ГОДИШЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ ПОЧИНА НА ТРЕНИНГ Трет трагичен случај на велосипедските патеки во два месеци

17-ГОДИШЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ ПОЧИНА НА ТРЕНИНГ Трет трагичен случај на велосипедските патеки во два месеци

Магнус Вајт, 17-годишен американски велосипедист, загина откако се судри со автомобил за време на тренинг.

Американската велосипедска федерација официјално го потврди трагичниот настан која се случил во близина на Болдер, град во државата Колорадо, каде Вајт се подготвувал за претстојното Светско првенство во јуниорски категории во Глазгов.

Ова беше трет смртен случај на велосипедски патеки за помалку од два месеци. Пред десет дена почина 17-годишниот италијански велосипедист Јакопо Венцо, кој им подлегна на повредите со кои се здоби за време на трката во Австрија, каде што падна за време на спуст.

На крајот на јуни на ист начин на трката околу Швајцарија загина 26-годишниот Швајцарец Џино Маедер.