недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

2 намирници кои Новак секогаш ги бара од тимот кога е на терен: Чинат околу 100 денари, а поради нив е неуништлив

2 намирници кои Новак секогаш ги бара од тимот кога е на терен: Чинат околу 100 денари, а поради нив е неуништлив

Ноле открива кое овошје го консумира на натпреварите за да биде што поиздржлив и да има вишок сила…

Новак Ѓоковиќ освен што е најдобриот тенисер на сите времиња, секако дека е и еден од најиздржливите.

Тешко е да изброите колку пати во текот на тениските маратони тој го победил противникот. Во моментите кога се уморни и оние кои го гледаат натпреварот, секако и оние кои го играат, Ноле секогаш наоѓа дополнителна сила за да триумфира.

А, неодамна зборувал за својата специјална исхрана, па открил што точно консумира на натпреварите.

„Банани, урми и вода. Јас навистина не сфаќам, секој натпревар истото, се договараме, а тие и натаму не разбираат. Ми носат јаболко. Какво јаболко, луѓе? Потоа ќе најдам круша, нема урми. Па, ми носат некои магнети, многу работи…“, се пошегувал Новак пред новинарите.

Урмите не се скап производ, па така околу 200 грама урми чинат околу 50 денари, што е и повеќе од доволна дневна доза за просечен човек.

Тие содржат многу витамини и минерали, како и антиоксиданти, па му помагаат на телото да ги одржува органите здрави, односно тие го штитат мозокот и срцето, а покрај тоа го зголемуваат нивото на енергија и кондиција.

Бананите исто така се овошје кое Новак го консумира во текот на натпреварите, а и тие не се скапи, па така половина килограм банани и околу 200 грама урми нема да ве чинат повеќе од 100 денари.