недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Адесања го нокаутираше Переира и се врати на УФЦ тронот

Адесања го нокаутираше Переира и се врати на УФЦ тронот

Борбата меѓу Израел Адесања и Алекс Переира беше главниот настан на УФЦ турнирот во Мајами, а на крајот заврши со пораз на Бразилецот.

По загревањето во првата рунда, големите ривали решија да ја активираат офанзивата, а Переира прв се обиде да најде рецепт за победа, но Адесања го издржа налетот и возврати уште пожестоко.

Переира доби два силни удари во главата, по што заврши на подот, а Адесања рутински го заврши нападот со нокаут и крај на борбата.

Тоа беше негова прва победа над Бразилецот, со што го презема УФЦ тронот во средна категорија.

По оваа борба и двајцата имаат по два пораза во кариерата.