Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) ги прогласи најдобрите за изминатата 2020 година и на церемонија организирана според сите протоколи во СЦ „Борис Трајковски“ ги подели признанијата на најдобрите спортистите и спортските работници.
Очекувано, меѓу најдобрите доминираа од фудбалот, затоа што Македонија за првпат ќе игра на Европското првенство (ЕП) во фудбал.
- Најдобрите за 2020 година според АМС:
СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА: Горан Пандев (фудбал)
СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА: Вероника Костовска (карате)
НАЈУСПЕШНА ФЕДЕРАЦИЈА: Фудбалската федерација на Македонија
НАЈУСПЕШЕН ТРЕНЕР: Игор Ангеловски (фудбал)
НАЈУСПЕШЕН НАЦИОНАЛЕН ТИМ: Сениорска репрезентација фудбал
НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ СО ИНВАЛИДИТЕТ: Владимир Тркаљанов (шах)
МЛАД СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА: Роберто Ацковски (карате)
МЛАДА СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА: Магдалдена Божиновска (карате)