вторник, 2. април 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ал-Атијах и Сандерс најбрзи на првата етапа на Дакар 2022

Ал-Атијах и Сандерс најбрзи на првата етапа на Дакар 2022

Стартуваа возбудувањата на Дакар 2022, а во првата етапа победата кај автомобилистите ја однесе Насер Ал-Атијах со својата Тојота.

Во возењето од 595 километри до Хаил, Катарецот беше најбрз и зад себе го остави трократниот шампион Карлос Саинц кој имаше минимално задоцнување.

Третото место му припадна на Брајан Барагванат, додека во топ пет завршија Хенк Латеган и Себастијан Лоеб.

Кај мотоциклистите најбрз во стартната претстава беше Даниел Сандерс на својот ГасГас. Второто мести му припадна на новајлијата во Хонда Пабло Квинтаниља, додека трет заврши Рос Бранч од Јамаха. Лош пласман имаше фаворитот Тоби Прајс кој заврши осми.