Еден од најдобрите светски тенисери Александар Зверев повторно е обвинет за семејно насилство. Овој пат наводите доаѓаат од Бренда Пате, мајката на неговото дете.
Германскиот РТЛ јавува дека судот во Берлин покренал постапка против тенисерот. Тој беше обвинет за насилство од Олга Шарипова, поранешна девојка, но нејзината тужба беше одбиена поради недостиг на докази.
Сепак, се чини дека Бренда Пате има докази, бидејќи Обвинителството побара итно изрекување на пресудата.
Нејзините адвокати потврдија дека Зверев е обвинет за нанесување телесни повреди.