четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Александрија Лутит скокна 222 метри

Александрија Лутит скокна 222 метри

Канаѓанката Александрија Лутит постави нов светски рекорд за жени на леталницата во Викерсунд, Норвешка.

Во третата тренинг серија Лутит скокна 222 метри и со тоа го подобри рекордот на Словенката Ема Клинец, која во првата серија имаше скок од 203 метри.

Словенката денеска стана првата ски-скокачка која ја прескокна магичната граница од 200 метри.

Норвежанката Марен Лундби (212,5 м) и Јапонката Јуки Ито (200) прелетаа над 200 метри во третата серија.