петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Алкарас го губи приматот: Само чудо може да го спречи Ѓоковиќ да се врати на врвот на АТП ранкингот

Алкарас го губи приматот: Само чудо може да го спречи Ѓоковиќ да се врати на врвот на АТП ранкингот

Новак Ѓоковиќ го победи Карлос Алкарас во финалето за паметење во Синсинати, но барем привремено не можеше да го преземе и првото место на АТП ранкингот.

Младиот Шпанец ја задржа „пол-позицијата“ во пресрет на Ју-Ес Опен и тоа само за 20 поени кои беа недостижни за српскиот ривал, но тоа многу веројатно ќе се промени по турнирот во Њујорк.

Алкарас годинава ќе ја брани титулата од минатата година на Ју-Ес Опен, што значи дека брани 2000 поени и притоа не може да заработи нови на својот ранкинг, додека секој поен на Ѓоковиќ ќе му биде додаден на неговото конто.

Српскиот тенисер минатата година не настапуваше во Њујорк, па сега со една победа ќе си обезбеди враќање на првото место на АТП ранкингот по крајот на турнирот.

Единствена утеха за Алкарас е што ќе биде прв носител на Ју-Ес Опен, а пласманот на големите ривали е гаранција дека можат да се сретнат само во финалето.