четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Алкарас: Ми се оствари сонот да станам прв светски рекет

Алкарас: Ми се оствари сонот да станам прв светски рекет

Новиот лидер на АТП ранг-листата, шпанскиот тенисер Карлос Алкарас соопшти дека му се исполнил сонот да стане најдобар.

– Многу сум горд што станав број 1 во светот, мојот сон се оствари. Голема радост е да се види колку луѓе ме поддржуваат во секој момент и секој натпревар. Многу сум горд што можам да ја претставувам Шпанија каде и да одам, изјави Алкарас.

Деветнаесетгодишниот Алкарас во неделата го освои Грен слемот УС опен и изби на водечката позиција на светската ранг-листа.