Во шпанскиот дуел на Мастерсот во Мадрид, Карлос Алкараз приреди вистинско изненадување и го совлада Рафаел Надал со 2-1 и закажа полуфинален дуел со Новак Ѓоковиќ.
Карлос Алкараз има само 19 години и го совлада Надал по 2 часа и 17 минути игра со 2-6, 6-1 и 6-3.
Новак Ѓоковиќ го очекуваше Надал во полуфиналето а и светската тениска јавност, но младиот Карлос Алкараз приреди сензација и ќе игра со Србинот.