сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Алкараз и Ѓоковиќ денес во битка за титулата на Вимблдон

Алкараз и Ѓоковиќ денес во битка за титулата на Вимблдон

Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ ќе се соочат во финалето на Отвореното тениско првенство на Британија. Пресметката меѓу првиот и вториот во машката светска ранг листа е денеска, 16 јули, во 15 часот по македонско време.

Гледачите на трибините на Централниот терен ќе уживаат во долгоочекуваниот судир за Грен слем трофејот меѓу двајцата најдобри тенисери во моментов.

Алкараз го прави своето прво финале на Вимблдон и втор Грен слем генерално по минатогодишниот УС Опен, кога ја освои титулата откако го победи Каспер Руд.