петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Алонсо би можел да го замени Фетел во Астон Мартин во 2023 година

Алонсо би можел да го замени Фетел во Астон Мартин во 2023 година

Себастијан Фетел може да го напушти Астон Мартин на крајот на сезоната. Според „F1-Insider.com“, сопственикот на тимот Лоренс Строл е заинтересиран за возачот на Алпин, Фернандо Алонсо.

Договорот на Фетел со тимот од Силверстон истекува на крајот на годината, а се уште не е познато дали 34-годишниот возач ќе ја продолжи кариерата.

Алонсо пак изјави дека има намера да вози уште неколку години и покрај неговата возраст. Шпанецот на лето ќе наполни 41 година.

Во 2021 година Фернандо веќе се поврзува со преселба во Астон Мартин. Врз позицијата на Алонсо во Алпин има влијание присуството на резервниот возач Оскар Пјастри, актуелниот шампион во Формула 2. Тимот има намера да најде место за својата нова ѕвезда до сезоната 2023 година.

Се очекува Пјастри да добие место во Алпин доколку двократниот светски шампион, Себастијан Фетел се пресели во Астон Мартин. (МИА)